Најчесто поставувани прашања
Прашања „од пракса“
Ми бараат од freelance платформата TIN број. Кај да го најдам?
TIN (tax identification number) е посебен даночен број што лицата го имаат во некои држави и служи исклучиво за даночни цели.
Во Македонија таков број имаат фирмите - ЕДБ (единствен даночен број).
Физичките лица (фриленсерите) за даночни цели се идентификуваат со нивниот ЕМБГ.
Колку време имам да пријавам приход од странство?
Приходот од странство се пријавува во рок од 10 дена по истек на месецот во кој се пристигнати средствата. Пример: Ако приходот пристигнува на 8 август, пријавата се поднесува најдоцна до 10 септември. Плаќањето на данокот е најдоцна до 15 септември.
Издавам деловен простор на фирма и киријата ќе надмине 2.000.000,00 ден. Дали треба да се регистрирам за ДДВ?
ДА. Приходите по основ на издавање деловен простор под закуп или подзакуп се оданочуваат со ДДВ доколку се исполнат останатите услови за регистрација.