Шест начини да ги мотивирате вработените – FinanceBlog #2

Притисокот во работата може психички да го потисне вработениот, без разлика на работата, а лошата мотивација дополнително ги влошува односите во работниот простор. Ако една компанија загуби важен вработен заради немотивираност или лоша околина, може да поминат години за да се пополни таа позиција и да се врати репутацијата на компанијата пред потенцијалните вработени. Мотивацијата е најважна, особено за компаниите кои планираат да ги задржат своите вработени за повеќегодишен период во иднината.

Прочитајте ги одбраните неколку начини за мотивација и подобрување на работната околина како начин на задржување на вработените.

Free stock photo of accounting, analysis, brainstorming

1. Клучот е во комуникацијата!

Комуницирањето со вработените е наједноставниот начин за правилно мотивирање. Пријатен разговор создава чувство на важност и на вработените им овозможува удобност. Така знаат дека имаат некој надреден со кого може да ги решат сите проблеми со кои се соочуваат. Комуникацијата е важна за насоката во која се движат процесите во компанијата. .

2. Препознај го и цени го трудот на вработените

Секој вработен сака да биде ценет, без разлика на искуството. Едноставни и мали гестови може да разубават нечиј ден и да го зголемат нивото на комуникација. Од „браво“, „супер работа заврши“ до официјална награда за завршена работа, секој вид на поддршка на вработените мотивира и ја зголемува нивната продуктивност.

3. Мирен работен ден

Продуктивноста силно зависи од работната околина. Двата најважни аспекти на работната околина се изгледот и удобноста на работниот простор. Осветлувањето, мебелот или бироата се најважните елементи поврзани со изгледот. Распоредот во канцеларијата влијае на однесувањето на вработените. Правилниот распоред сам по себе повлекува одредена удобност. Научни истражувања на оваа тема докажуваат дека со правилно осветлување се намалува депресијата, се зголемува расположението и продуктивноста на вработените за околу 18%.

4. Уметноста на конструктивната критика

Позитивниот пристап во мотивирањето го зголемува расположението меѓу вработените. Но константна позитивност може да предизвика чувство на несигурност и неискреност. Фидбекот, позитивен или негативен, им овозможува на поединците правилно да пристапат кон одредена потешкотија и сериозно да се подобрат. Јавните пофалби го подобруваат расположението и мотивацијата на вработените, а благите критики далеку од очите на другите го мотивираат вработениот да развие правилни навики и да ја подобри продуктивноста.

5. Кажете им дека им верувате

Растојанието меѓу газдите и вработените секогаш постоело и ќе постои. Намалувањето на таа разлика може да има многу поволни резултати во работата, особено изразувањето доверба во вработениот.

6. Инвестирајте во вработените!

Компанија која го цени вработениот има можност да го мотивира тој вработен. Можноста некогаш да работат од дома, креирањето атмосфера без стрес во работните простории ги опушта вработените. Унапредувањето и платата имаат силен, но краткотраен ефект. Докажано е дека зголемувањето на платата има мотивирачко влијание во период не подолг од 3 месеци, но со тоа создавате константни трошоци за придонеси и данок, како и не го врзувате вработениот со вашата фирма.

Контактирајте не за да ги откриеме најдобрите начини како да ги мотивирате и задржите своите вработени!

За сечие добро!

Секогаш е важно да се мотивираат вработените и да им се овозможи удобност во работењето. Поединците кои уживаат психичка смиреност во работата, имаат можност правилно да се развиваат и да бидат продуктивни, а со тоа да останат во организацијата во која се чуствуваат мотивирано, ценето и посакувано.

Photo Of People Holding Each Other's hands
Scroll to Top