Работите фриленс на интернет од дома, во странство или можеби не работите фриленс, но работите од дома за странска компанија. Секогаш се поставува прашањето – Треба ли да пријавам данок, како да пријавам и колку треба да платам ?(..и може ли да не платам?). За Вас спремивме кратка процедура како да добиете одговори на овие прашања.

Што всушност работам?
Можеби најважниот дел од овој процес е точно утврдување на дејноста. Фриленсер – да, но дали произведувате софтвер, одржувате софтвер, едитирате или продавате готови продукти, работите дигитален маркетинг, content – editing, преведување, дизајн, консалтинг, дали е тоа Ваше дело или интелектуална сопственост на друго лице итн.
Утврдувањето на точната дејност најмногу влијае на одредувањето на сите давачки кои ги имате или Ве очекуваат во иднина.
Каков (колкав) приход ќе добивам и како (колку често) ќе ми плаќаат?
Видот и износот на приходот се втор многу важен елемент во оваа пресметка. Вашите давачки зависат многу од видот и износот на приходот доколку дејноста која е одредена во првата точка е подложна на повеќе даноци и други давачки. Тука најважен елемент е потенцијалната изложеност на оданочување со данок на додадена вредност (ДДВ).
Дознајте повеќе – https://bit.ly/3c87Hj1
Интервалите на исплата на приходот, како и видот кој ќе биде пријавен од страна на исплатувачот или од Ваша страна одредуваат дали тој приход ќе се пријавува секој месец, периодично, во нерамни интервали или еднократно. Видот на приходот може да измени некои проценти во даночната стапка, доколку за конкретниот приход се предвидени даночни ослободувања (авторски договори, интелектуална сопственост итн).
Е сега… ДАНОЦИ?!
Она што е сигурно е дека сите физички лица плаќаат данок на личен доход – ДЛД (по старо – персонален данок) за сите приходи кои ги заработиле. Тој данок во Македонија е едноставен за пресметка – пропорционална стапка (рамен данок) од 10% на даночна основа – вкупен бруто приход.
Но, со оглед на постоењето на законски одредби кои ја намалуваат даночната основа, постојат начини тој процент да биде намален до најмногу 5%.
Освен данокот на личен доход, во пресметките секогаш се внимава на тоа дали дејноста е опфатена со оданочување со данок на додадена вредност (ДДВ) кој може да изнесува 18% по општа даночна стапка или 5% по повластена даночна стапка.
Има ли други давачки?
Постојат и други давачки на кои фриленсер може да биде подложен, но тоа се најчесто давачки кои самите ги прифаќаме – самостојно плаќање придонеси, регистрирање и работа В2В – преку правно лице – ДООЕЛ или самостоен вршител на дејност (СВД), приватни пензиски фондови и приватно здравствено осигурување и други.
Овие давачки најчесто се доброволни и се преземаат по сопствено убедување и волја.
А пријавување?
Во зависност од интервалот на кој се примаат приходите, пријавувањето и плаќањето на ДЛД се врши во рок од 10 дена по истек на месецот во кој сте примиле приходи. Пријавата се пополнува и поднесува електронски преку системот е-Персонален данок.
Данокот на додадена вредност функционира на друг принцип – се пријавува еднаш на 3(три) месеци или секој месец во зависност од висината на износот и даночниот период за кој сте регистрирани. Се врши пресметка и пријава на сите приходи кои се оданочиви со ДДВ, се поднесува ДДВ – 04 образец преку системот е-Даноци и се плаќа до крајниот рок за поднесување на ДДВ – 04 пријавата.
Имам ли други опции?
Ваша законска обврска е да водите евиденција на приходите, точно да го одредите видот, износот и даноците кои ги опфаќаат Вашите приходи, соодветно да ги пријавите и да платите данок во законски предвидените рокови.
FinanceBuddy.mk се грижи за сите Ваши даночни обврски. Заменете 2-3 кафиња месечно и добијте професионална услуга во водењето на вашите финансии и даночни обврски.
Ние за Вас:
- вршиме анализа на договорот за работа,
- советуваме за некои клучни измени во договорот со цел максимално намалување на даночните обврски (како да не станете ДДВ обврзници),
- водиме евиденција на приходите,
- пресметуваме и пријавуваме даноци
- и сме на располагање за сите Ваши административни обврски.
Проверете зошто фриленсерите го бираат токму FinanceBuddy.mk. Ваше е само да нè контактирате.
Побарајте понуда – БЕСПЛАТНО Е!
И сега како да постапам?
Ви стоиме на располагање во секое време – со Вашиот FinanceBuddy.mk разговорот е секогаш БЕСПЛАТЕН!
contact@financebuddy.mk
https://financebuddy.mk/index.html
+389 77 881 701
Ве очекуваме!